Радио Кочани
Кочани

Доделeни сертификатите на учесниците од ликовниот конкурс „Jianting International Youth Painting Contest 2021“

244

Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани беа доделени сертификатите на учесниците – ученици од училишта од Кочани и училиштето за сликање и цртање при НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани, кои втора година по ред учествуваат на ликовниот конкурс „Jianting International Youth Painting Contest 2021“, Народна Република Кина.

Организаторот на конкурсот на учесниците им врачи сертификати и традиционални кинески сувенири за одлично изработените ликовни трудови.

Општина Кочани е збратимен град со Општина Вуши, Народна Република Кина.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio