Радио Кочани
Кочани

Ново поскапување на дизелот од полноќ…

612

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги  донесе Одлука со
која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01% во однос на
одлуката од 10.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,999%, кај дизелот за 4,151%, кај екстра лесното
масло за 3,164% и кај мазутот зголемување е за 0,881%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е повисок за 0,039%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на Мазутот М-1 НС
не се менуваат.

Од 13.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 51,920 (денари/килограм)▼

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе