Радио Кочани
Кочани

Кочанската болница 15 месеци по трагедијата: Подобрени услови и нови планови за развој

167

Речиси 15 месеци по трагедијата во Кочани, во Општата болница се реализирани повеќе активности насочени кон подобрување на условите за работа и унапредување на здравствените услуги.

Ова во интервју го истакна директорката на установата, Катерина Паниќ Мирчовска.

Таа посочи дека во изминатиот период болницата добила значителна поддршка преку донации, реализирана е реконструкција на Одделот за физикална медицина и рехабилитација, а во меѓувреме се вратиле и повеќе лекари од специјализација.

Според Паниќ Мирчовска, Одделот за физикална медицина и рехабилитација веќе е ставен во функција и ги опслужува пациентите, при што приоритет имаат лицата со скршеници и други повреди.

Иако одделот работи, официјално отворање сè уште не е организирано.

Во однос на повредените од трагедијата, таа оцени дека нивната здравствена состојба е значително подобрена и додаде дека болницата е во редовна комуникација со нив. Директорката информираше и дека Итната медицинска помош располага со шест возила и доволен број медицински персонал за извршување на секојдневните активности и интервенции.

Најавени се и нови инвестиции и набавка на медицинска опрема во наредниот период, со цел понатамошно подобрување на условите во болницата.

Осврнувајќи се на настаните од март минатата година, Паниќ Мирчовска истакна дека најважно е ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори.

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio