Радио Кочани
Кочани

СВР Штип:15-годишник возел мопед без дозвола, 16-годишник нападнат по расправија во Кочани

386

На 02.06.2026 околу 22:00 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани,  полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода 15-годишен малолетник од Кочани.

При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле мопед „априлија“  со кочански регистарски ознаки, кој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

Мопедот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 02.06.2026 во 14:30 часот во ОВР Кочани, 16-годишник од Кочани пријави дека на 01.06.2026 околу 21:00 часот на  ул.„Гроздан Трифунов“ во Кочани, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од С.Ј.(31), М.С.(56) и С.С.(49), сите од Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio