Радио Кочани
Кочани

Документарецот на Котевска „Приказната за Силјан“ во Кочани го гледале 800 лица на три прикажувања

273

Докментарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска за два дена во Кочани доживеа три проекции.

Според информациите од ЦК „Бели мугри“, филмот го „изгледале“ над 800 лица, од кои над 700 со платени влезни билети. Поделени се стотина „гратиси“ на поканети гости на премиерната проекција и на помагатели. Капацитетот на кино салата на кочанската Национална установа од културата изнесува 350 седишта.

Со документарецот на Котевска,  „Бели мугри“ ја отвори сезоната на кино проекции со новата дигитална опрема набавена на почетокот на годината, после претходно добиена донација од Агенцијата  за електронски комуникации. Претставници на Агенцијата присуствуваа на  првата проекција на „Приказната за Силјан“ , како и режисерката Котевска, продуцентот Јорданчо Петковски  и претставници на Агенцијата за филм и на Кинотека на Македонија.

Собраните средства од  првата проекција на филмот,  на 17 –ти вечерта, се наменети за повредените во минатогодишната трагедија во Кочани, на кои им е потребна долгорочна поддршка.

Најголемиот делод филмот „Приказната за Силјан“ е снимен во близината на Кочани, на оризови полиња и во селата Чешиново и Облешево

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio