Радио Кочани
Кочани

Библиотеката „Искра“ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

79

Традиционално, ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани го прославува 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право. Во 1995 година, УНЕСКО го прогласува 23 април како „Светски ден на книгата и авторското право“ во чест на смртта на двајцата великани на светската литература Вилијам Шекспир, Мигел де Сервантес и каталонскиот фестивал во Шпанија, кои се случиле токму на овој датум. Каталонскиот обичај во Шпанија кој се празнува на 23 април како „Денот на розите“ потекнува од далечната 1923 година. На тој ден продавачите на книги, во чест на смртта на познатиот автор на „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес ја поттикнале идејата за разменување на книги наместо рози, како што практикувала дотогашната традиција на празникот.

Библиотека „Искра“ ќе реализира некоку активности во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право, во подрачната библиотека во Оризари и во Кочани.
 
 
22 април, среда
–         9, 30 часот, Литературна средба во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, клон „Кокичиња“ – Оризари, каде на најмалите ќе им бидат претставени и прочитани детски изданија и заедно ќе реализираме работилница „Мојата прва книга“. Дечињата според прочитаните детски сликовници, преку цртеж во однапред изработени модели на книга ќе ги претстават своите импресии и впечатоци.
–         10, 30 часот, Литературна средба со ученици во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари, во чест на Вилијам Шекспир, ќе реализираме литературно читање на едицијата „Шекспир за деца“ во издание на Арс Ламина. Станува збор за адаптирани драми за деца на Шекспир. Со учениците ќе се реализира и работилница за пишување книга, авторските права, начинот на издавање на книга и сл.

–         12 часот, прогласување најдобар читател во Подрачна библиотека во Оризари

–         17 часот, во ЈОУБ „Искра“ – Кочани, промоција на книгата „Учесници во народноослободителната и антифашистичка  војна на Македонија 1941-1945 од Кочани и кочанско“ од авторот Славица Цветкова

 

23 април, четврток, 12 часот

–         Отварање на настанот со поздравно обраќање на директор Кристина Ѓорѓиевска Атанасова

–         Прогласување најдобар читател во ЈОУБ „Искра“ – Кочани

–         Читање на Светската порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право од генералниот директор на УНЕСКО

–         Читање на македонската порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право од Иван Шопов

–         Промоцоја на книгата „Опеани спомени“ од авторот Блашка Стојкова.

Со почит,

ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани
директор
Кристина Ѓорѓиевска Атанасова

 

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio