Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
МВР и ОЈО за случајот со убиството во Зрновци
Денеска (21.03.2026) во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во с.Зрновци во место викано Ѓошевски орев во близина на зрновска река е пронајден човечки леш, во фаза на распаѓање.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од ОЈО пак посочија:
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена.До овој момент починатата не е идентификувана.Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени.
