Радио Кочани
Кочани

Зрновци потресено: Според неофицијални извори, девојка е жртва на тежок инцидент

6,899

Според неофицијални и засега непотврдени информации, во Зрновци се случил сериозен кривичен настан во кој наводно животот го загубило женско лице. Дел од информациите упатуваат и на можност за претходно насилство, но надлежните институции сè уште немаат излезено со официјална потврда за деталите.

Во моментов, на местото на настанот се присутни екипи од Полициската станица Кочани кои вршат увид и ги преземаат првичните истражни дејствија.

Од Министерството за внатрешни работи се очекуваат повеќе информации во текот на денот, со оглед на тоа што случајот засега се третира како неофицијален.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio