Радио Кочани
Кочани

Отворен нов мултифункционален спортски терен во Соколарци – „Адријан и Иван“ во чест на трагично загинатите деца

1,560
Во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево, денеска беше пуштен во употреба нов мултифункционален спортски терен, наменет за спорт и рекреација на младите.
Теренот симболично го пуштија во употреба градоначалникот Јорданче Костадинов и претставникот од Министерството за спорт, Илија Ристески.
Реализацијата на проектот е со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија.
Новиот спортски терен го носи името „Адријан и Иван“, во чест и сеќавање на децата кои трагично ги загубија животите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Од општината посочуваат дека теренот ќе биде место каде младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе создаваат убави спомени, но и трајно потсетување на нивните сограѓани кои прерано го загубија животот.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio