Радио Кочани
Кочани

Во Центарот за култура „Бели мугри“ се одржа настанот со наслов „Кочани Ви благодари“ – доделени блaгодарници на сите кои помогнаа во справувањето со трагедијата од минатата година…

1,171

Градот Кочани одбележал една година од трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“, во која загинаа 63 лица, а 193 млади биле повредени.

Градоначалникот Владко Грозданов на централниот настан „Кочани Ви благодари“ им се заблагодарил на лекарите, медицинските тимови, волонтерите, амбасадите и државните институции кои помогнале во спасувањето и лекувањето на повредените.

Во говорот истакнал дека во моментите на трагедијата градот не останал сам, бидејќи болници од државата и од други европски земји ги примиле повредените, а транспортот се вршел со амбулантни, полициски и армиски возила, како и со хеликоптери и авиони.

Општина Кочани доделила благодарници на 36 болници од странство, амбасади и институции. Претставник од болницата Пирогов симболично му предал клуч од болницата на градоначалникот како знак на солидарност.

На настанот присуствувале и министрите Панче Тошковски, Игор Филков и Азир Алиу.

Во рамки на одбележувањето имаше и музичко-сценски настап со учество на пијанистот Симон Трпчески и оперскиот пејач Игор Дурловски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio