Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
На вториот ден од одбележувањето на годишнината од кобната мартовска ноќ, денеска на сцената во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, беше изведена музичко-поетска претстава на пијанистот Марко Виденовиќ и триото „Мевлем“, што го сочинуваат Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола и Енис Аљи – виолончело.
Четворицата настапија со авторска музика и поезија на Виденовиќ.
Проектот, според Марко Виденовиќ, е приспособен за денешниот настан во Кочани и во спомен на починатите и повредените во трагичниот пожар.

Со ова музичко и поетско остварување, Виденовиќ и триото „Мевлем“ веќе се имаат претставено во Скопје, Загреб, Белград, Битола, Гевгелија, Охрид и во Велес.

Со својата музика и поезија Виденовиќ, Велкова, Ајтовска и Аљи пренесоа пораки за солидарност, сочувство и заедничко заздравување.
