Радио Кочани
Кочани

Почна реконструкцијата на кровот на административната зграда на Општина Виница

357

Општина Виница започна со целосна реконструкција на кровот на административната зграда, со цел подобрување на условите во објектот и зголемување на неговата енергетска ефикасност.

Со проектот е предвидена замена на стариот ребраст пластифициран лим, а претходно ќе се изврши санација на постојната дрвена конструкција.

Дополнително ќе се постави термоизолација од камена волна со дебелина од 15 сантиметри, што значително ќе придонесе за подобра енергетска ефикасност на објектот.

Кровот на административната зграда беше во многу лоша состојба.

Во изминатите години тој беше само делумно реконструиран, а на повеќе места се појавуваа протекувања, поради што неговата целосна санација беше неопходна.

Во рамки на проектот ќе се доврши и фасадата на објектот, односно ќе се изврши обработка на досега недовршениот бетонски кровен парапет.

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.914.455 денари.

Покрај реконструкцијата на кровот и фасадата, средствата опфаќаат и поставување на инвертер клима уреди за греење и ладење во „Сината сала“.

Финансиските средства се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку владиниот повик за инфраструктурни проекти.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio