Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во хотелот „Мeјбери“ во Свети Николе, новинарите од Источниот регион ги доделија годинешните признанија на поединци, институции и организации кои оставија значаен белег во своите средини.
Наградите беа доделени во повеќе сфери – општествена одговорност, хуманост, заштита на животната средина, образование , младински активизам.
Признанието за општествена одговорност замина во Виница, кај Доброволното противпожарно друштво, додека во областа на заштитата на животната средина беше награден рудникот САСА од Македонска Каменица.
Во подолжение изјавите на Бранко Ивановски од ДПД – Виница и Марија Стојановска од рудник „Саса“.
Минатата година беше година на хуманоста. Меѓу добитниците се Општинската организација на Црвениот крст од Кочани, граѓанската иницијатива „Суппорт“, Општата болница Кочани и Клиничката болница Штип.
Следуваат изјавите на Дејанче Арсв од Црвен крст и директорката на Општата болница – Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.
Постхумно признание за хуманост му беше доделено и на Иле Гоцевски, кој го даде својот живот спасувајќи настрадани во трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Признание доби и Илина Донева од Кочани, која годинава беше избрана за најдобра средношколска ораторка на Ораторските вечери на УГД. Нејзиниот успех беше вреднуван и од новинарите од Источниот регион.
Оваа година манифестацијата „Најдоброто од Истокот“ се одржа по 13 пат, а главен организатор е нашиот колега Иван Бојаџиски и регионалниот актив на новинари Исток.
Повеќе детали и изјави од добитниците може да погледнете на нашиот Фб профил, каде што настанот беше пренесуван во живо.
