Радио Кочани
Кочани

Известување од градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски во врска со изградбата на хидроцентралата на Блатешница

3,811

Во врска со протестите на жителите на село Блатец против изградба на хидроцентрала на река Блатешница сакам да Ве известам за следното.

Известен е инвеститорот дека Одобрението за градење на хидроцентралата, согласно член 68 став 1 од Законот за градење престанало да важи од 13.08.2025 година и доколку превземе градежни дејствија, истите ќе се сметаат за бесправна градба и претставуваат кривично дело.

Воедно за истото го известив и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини да има во предвид за понатамошно продолжување на договорот за концесија кој истекува наскоро.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio