Радио Кочани
Кочани

КПС „Осоговски Орел“ ја реализираше зимската планинарска тура „Небојани 2026“

206

Околу стотина планинари, рекреативци и вљубеници во природата беа дел од вчерашната зимската планинарска тура „Небојани 2026“ што ја организираше Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ , при што учесниците пешачеа по падините на Осоговските Планини.

Планинарењето почна од местото Крушка, м.в „Ајдар“ на Бела Река, продолжи кон маалото Пустак, Кацарица, Средна Маала кон Праиште, односно до манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ и некогашното училиште во селото Небојани.

Патека беше кружна претежно –  шумски терен од средно-тешка категорија, а во должина од 16 километри.

Учесниците на планинарската тура од старна на домаќинот – Клубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“  добија благодарници за учество.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio