Радио Кочани
Кочани

Со молитва и кршење на славскиот колач одбележан празникот на Св. Јован Крстител во Кочани

198

Со молитa во духот на православната традиција, денеска, 20 јануари, во Кочани беше одбележан празникот посветен на Св. Јован Крстител. Кај параклисoт во центарот на градот, сместен зад зградата на Поштата и посветен токму на овој голем христијански светител, се собраа бројни верници.

Во рамки на празникот, свешетениците од храмот „Св.Вмч. Георгиј“  го поелија славскиот колач, како симбол на благодарност, заедништво и духовна радост.

Параклисот беше осветен минатат година на 19 јануари, ден Водици од страна на митрополитот брегалнички Иларион.

Ктитор е Ѓорги Ѓорѓиевски и компанијата „Деликатес“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio