Радио Кочани
Кочани

Заврши второто рочиште за ,,Пулс”, следното на втори декември

740

Во кривичниот суд заврши второто рочиште за предметот за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Пред почетокот на главната расправа дел од одбраната алармираше за хаос во доказната документација додека дел од обвинетите и нивните застапници реагираа дека го немаат добиено новиот интегрираран обвинителен акт, затоа што на првичното обвинение се додаде и она за агенцијата за обезбедување Рубикон.

Поради тоа тие побараа денес да нема изјаснување по вина за обвинетите кои го немаат обвинението.

По кратка консултација, судечкиот совет ги прифати таквите барања, па главната постапка односно воведните излагања и изјаснувањето за вина беа одложени за следното рочиште.

А тоа како првично беше закажано за утре, се преказажа за следната недела, односно за втори декември.

Извор: ТРН.МК

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio