Радио Кочани
Кочани

Започнаа средбите на жители на Кочани со градоначалникот Владко Грозданов

403

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја започна консултацијата со граѓаните преку термините за директни средби во општинската зграда. Во присуство на раководители и службеници од неколку одделенија и сектори, граѓаните можеа да информираат за проблеми и потреби со кои се соочуваат од различни сфери на локалното живеење.

 Задача во мојот мандат е на нов, динамичен и организиран начин да обезбедиме поефикасни и побрзи општински услуги и подобро справување со тековните предизвици. Потребите на граѓаните од јавен интерес и со локално значење ни се приоритет – вели градоначалникот Грозданов.

На првата консултативна средба Грозданов прими четириесетина граѓани, а во однос на претходната пракса, градоначалникот го зголеми за еден час времето на прием, односно од 10 до 13 ч., секој вторник.

Во делот на комуникацијата со граѓаните, огласната табла во дворот на Општина Кочани е заменета со електронски соопштенија од монитор поставен на влезот во зградата, пред пријавница.

За текот на реализацијата на барањата на граѓаните примени на средба со градоначалникот ќе се известува и на редовните неделни колегиуми на градоначалникот со раководителите на секторите.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio