Радио Кочани
Кочани

Промовирана книгата „Стојанче Стефанов“ – посвета на прерано починатиот сограѓанин во „Пулс“ од авторот Гијовски..

347

Многу солзи и измешани емоции преовладуваа на вечервашнава промоцијата на книгата „Стојанче Стефанов“, дело на авторот Марјан Гијовски, што се одржа во Центарот за култура „Бели мугри“.

Малата сала беше премала да ги прими сите гости, роднини, колеги, другари…

Книгата е посветена на прерано починатиот наш сограѓанин, 24 годишниот Стојанче Стефанов , кој животот го загуби како 62-ра жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“.

Стојанче почина на 17 април годинава во Воено-медицинската академија во Белград.

Промотори на книгата беа Ленче Стоименова и Доне Донев, а модератор на настанот Марина Гоцевска.

Д. Николов

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio