Радио Кочани
Кочани

Животот е краток и нејасен“ вечерва ќе се игра на „Ин Виница веритас“

186
Во ремките на овогодишното издание на фестивалот на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“ вечерва ќе биде одиграна театрската претстава „Животот е краток и нејасен“ на Алтернативен театар „Отпишани“ од Скопје во режија на Гжегож Кемпински, најавуваат од ДК „Тошо Арсов“ од Виница. Претставата започнува во 20 часот. Главните улоги ги играат Гоце Тодоровски, Благој Чоревски, Марија Лазарова, Јасмин Рамани, Кирил Трајковски – Максим и Ивана Стамевска.

„Ин Виница веритас“ започна на 24 октомври со изложба од карикатури што учествуваа на конкурсот распишан на тема: „Кој последен се смее…“. Оваа престижна манифестација ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Годинашното издание на „Ин Виница веритас“ завршува утревечер со стенд ап комедијата на Надица Петрова од Театарот „Златен елец“.
Сите претстави се играат во Сината сала на Општина Виница.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio