Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Во 16, 05 часот денеска родителите по 26. пат ќе маршираат за своите Ангели
Денеска со почеток во 16:05 часот, ќе се одржи 26-тиот „Марш на ангелите“, најавува ЗГ „16 Март 2025 Кочани“.
Маршот и овој пат ќе биде мирен и посветен на нашите 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година,се наведува во известувањето..
- Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме.
Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на вера, етникум или политичка припадност, да ни се придружат и заедно да покажеме дека правдата за нашите ангели е над сè, велат родителите на починатите
Собирно место е „Паркот на Револуцијата“ во Кочани, а маршот завршува пред Основниот суд и Обвинителствот.
