Радио Кочани
Кочани

Проект „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ – Физичкото образование треба да е квалитетно, да обединува и да носи заедништво!

181

Во Кочани започна реализацијата на проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ вреден близу 15 илјади евра, обезбедени од страна на Бугарската развојна помош. Македонско – бугарската стопанска комора е имплементатор, а носител на активностите е ОУ „Никола Карев“.

Како дел од овој проект денеска во ресторанот „Аледар“ се одржа трибина насловена „Спортот важен за нашето здравје и здравјето на најмладите“, на која учествуваа 25 наставници по физичко образование од основни училишта од Кочани и регионов.

Се зборуваше за психолошко – педагошките аспекти во спортот,  за физичко образование кое треба да биде квалитетно, да обединува и да носи заедништво. Физичко образование кое што треба да помогне во изградување на личноста на најмладите, информираше, Ленче Алкеовска – Величковска, еден од тројцата излагачи на трибината, сите професори  на Факултетот  по физичко образование, спорт и здравје  при УКИМ во Скопје

  • Денеска разменивме  стручни, научни и искуствени моменти со професорите, ги потсетивме на сите аспекти важни за развојот на децата, во смисла како тие треба да се однесуваат, како да направат обична комуникација со нив.  Верувајте,  едно дете да се бави со спорт, тоа директно зависи од професорот по физичко, затоа што професорот во таа смисла  е неговиот втор татко или втората мајка, посочи Алексовска – Величковска.

Денешната трибина беше прва од низата активности предвидени да се реализираат во наредните неколку месеци.

Целна група се ученици од прво до деветто одделение, а во активностите акцент ќе им се даде на децата со попреченост, како и на девојчињата во контекст на промовирање на еднаквите можности и пристап до било кој спорт. Освен учениците, понатаму,  во проектот ќе бидат вклучени и нивните родители, со цел да се покажат вистинските вредност на образованието и врската помеѓу децата и нивните родители.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio