Радио Кочани
Кочани

Се поставува водоводна мрежа на улицата „563“ во Кочани

136

Започна изведбата на водоводната мрежа на улицата „563“ во Кочани. Водоводниот крак што се гради е со должина од 430 м и се наоѓа во Лесна Индустрија.

За изградба на водоводот на улицата „563“, преку Програмата за инвестирање во животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање,  одобри 3 милиони денари, а Општина Кочани учествува со 773.301 денар.

Изведувач на работите е „Калина“ од Оризари.

Со решавањето на водоводната, канализациската и патната инфраструктура во овој дел на Кочани, Општина Кочани ги подобрува условите за изградба на нови стопански капацитети во зоната Лесна индустрија.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio