Радио Кочани
Кочани

Амфенол вработува – Координатор во одделот за одржување – АСХ…

386

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место

Координатор во одделот за одржување – АСХ

Одговорности и задачи:

·         Менаџирање со тимот за одржување/сетирање и Индустријализација

·         Развој и ангажирање на технички тим за одржување/сетирање за да се исполнат целите на компанијата

·         Следење на производниот процес и методите за работа со цел континуирано подобрување, Соработка со одделот за постојано подобрување и работа во тим

·         Пружање на техничка поддршка на производство

·         Учество во избор на нова апрема, дефинирање на потребни технички параметри при избор на нова опрема, истражување за пронаоѓање на потребна оперма согласно техничките барања од страна на купувачот

·         Учество во процесот на детерминирање на потребата за производни капацитети и ресурси (инфраструктура, машини, алати и материјали)

·         Валидација, run&rate на ново добиена опрема, алати, помагала

·         Учество во планирање на потребниот Layout при воведување на нов производ и оптимизација на постоечките

·         Дијагностика на проблемите од производство и анализа за надминување

·         Директно учество во воведување на нови производи и спроведување на измени од техничка природа

·         Комуникација со надворешни фирми за изработка или набавка на дополнителна опрема и помошен алат

·         Управување и анализа на KPI резултатите за одделот Одржување и Индустријализација

·         Изработка и анализи на дневни, неделни и месечни извештаи за работата во одделот Одржување/Индустријализација

·         Координација со инженерите на производите и инженерот за индустријализација при трансфер на производи и процеси

Потребни квалификации:

  • Образование : предност високо образование (технички науки)
  • Работно искуство : минимум 3 години искуство во одржување
  • Знаења и вештини : познавање на работа со компјутери и MS Office, познавање на англиски јазик, познавање на структурата на нормативи и работни упатства, познавања на 2D или 3D софтвери за цртање
  • Способности: комуникациски способности, тимска работа, лидерски способности и самостојност

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 13.10.2025 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Координатор во одделот за одржување АСХ

Напомена:

  • Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
  • Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio