Радио Кочани
Кочани

Вчера тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје

1,921
Вчера околу 11:25 часот пред угостителски објект во
Виница, настанала физичка пресметка помеѓу Д.М. и И.С. откако  претходно дошло до нивна меѓусебна расправија. Случајот е пријавен во локалното Одделение за внатрешни работи истиот ден во 18, 20 часот, по што полициски службеници го лишиле од слобода Д.М. (37) од Виница.

Според пријавата,  И.С. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во болницата во Кочани бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Увид на местото изврши екипа од СВР Штип – ОВР Виница,
Д.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio