Радио Кочани
Кочани

(видео) Министерот за спорт Борко Ристовски на Градскиот стадион” Никола Мантов” : На спортот во Кочани како министерство и како држава му стоиме на располагање

245

Министерот за спорт Борко Ристовски најави формирање на фонд  од кој министерството ќе ги помага спортските клубови. Фондот ќе биде формиран после октомвриските локални избори, по што до крајот на годината средствата ќе бидат поделени таму кај што се најпотребни.

Ристовски ова го кажа во Кочани, денеска доцна попладне, на градскиот стадион „Никола Мантов“, каде се сретна со претставниците на спортските клубови од градот, со спортските работници и наставниците по физичко образование од основните и средните училишта.

  • Откако сум јас министер поделивме 20 милиони евра, директно за спортот, настрана од капиталните инвестиции. Доколку мене ме прашате, тоа се многу средства. Првата година понекаде прогледавме низ прсти. Но, понатаму ќе правиме селекција. Многу повеќе средства ќе добиваат оние што се навистина успешни, и оние што се во зачеток и се чесни. Тие секогаш ќе ја имаат нашата подршка, нагласи министерот Ристовски.

Тој за Кочани рече дека е спортски град и дека заслужува посебно внимание. Министерот за спорт смета дека во изминатите дваесетина години овој град, повеќе или помалку  бил ставан на маргините.

  • Како министерство, како држава и преку спортските федерации на Кочани му стоиме на располагање. Ќе помогнеме во сето она што вие како спортски работници ќе го побарате, се разбира во рамките на можностите. Во таа насока ќе го направиме тој фонд, од кој ќе добиете средства со кои клубовите ќе ги задоволат барем основните потреби за работи, најави една од легендите на македонскиот ракомет, сега министер, Борко Ристовски.

 

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio