Радио Кочани
Кочани

Цептер со промоција на иновативни и практични производи за домаќинство на 1 октомври во Кочани

284

Компанијата Цептер, светски лидер во производството на здравствени и еколошки производи, ќе одржи промотивен настан во среда, 1 октомври, со почеток во 19 часот, во ресторанот „Але Дар“ во Кочани.

Настанот е организиран со цел да се претстават најновите уреди од понудата на Цептер – технолошки напредни и еколошки решенија кои придонесуваат за подобрување на здравјето, заштеда на време и енергија, како и рационално користење на буџетот.

Од компанијата информираат дека производите кои ќе бидат презентирани се дел од стратегијата на Цептер за одржлив развој и се во согласност со најновите светски стандарди за квалитет и заштита на животната средина.

Цептер веќе четири децении е присутен на светскиот пазар и важи за бренд кој комбинира иновации, одговорност и врвен квалитет. Компанијата е позната по својата општествена одговорност и континуирана грижа за крајните корисници.

На присутните гости им претстои пријатно дружење, можност за запознавање со новитетите во понудата, како и дегустација на вкусна закуска во пријатна атмосфера.

ЖИВЕЈТЕ ПОДОБРО, ЖИВЕЈТЕ ПОДОЛГО! ZEPTER

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio