Радио Кочани
Кочани

Откривање на спомен-биста на полицискиот службеник Тоше Тодоровски во Пробиштип

849

В сабота, на 27 септември, со почеток во 10:00 часот, во кругот на полициската станица во Пробиштип ќе биде откриена спомен-биста во чест на трагично загинатиот полициски службеник Тоше Тодоровски.

Настанот се организира во присуство на семејството, колегите, пријателите, претставници на синдикални организации, како и претставници од државни институции и пошироката јавност.

Тоше Тодоровски го загуби животот пред точно шест месеци, при извршување на службени должности во дискотеката „Пулс“ во Кочани – трагедија што длабоко го потресе полицискиот и безбедносниот систем, но и целото општество.

Во овие тешки моменти во кои навршија 6 месеци од трагедијата и сеуште се чуствува длабока тага и болка не е време за поделби, туку е момент кој треба да не обедини сите кои сочуствуваме со фамилиите кои загубија свои блиски, достоинствено да одадеме почит и да побараме правда за сите, се вели во писменото соопштение.

Д.Николов

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio