Радио Кочани
Кочани

Амфенол вработува – Техничар за одржување – во ПЕ Антени

302

Моментално имаме потреба од 1 (ЕДНО) ново вработено лице за работно место Техничар за одржување – во ПЕ Антени

Опис на работни задачи и одговорности:

• Одржување на целокупниот тек на производство

• Водење на потребна документација за одржување на опрема и машини

• Техничка оптимизација на производните процеси

• Изработка на технички помагала и уреди

• Инсталација на опрема и машини

• Користење на софтверот за евиденција на одржување

• Адаптација, оптимизација и пуштање во употреба на производствената опрема и машини

• Спроведување и обезбедување на потребните контролни проверки

• Учество во подобрување и развој на работните текови и работните процеси

• Следење на распореди за превентивно и корективно одржување на опремата

Потребни квалификации:

• Техничко образование

• Работно искуство во одржување

• Познавање на работа со компјутер, MS Office

• Познавање на Англиски јазик (читање, пишување, зборување)

• Одлични комуникациски вештини, технички вештини, работа со алат

• Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок со кратки рокови

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 01.10.2025 год. по електронски пат на следнава адреса: [email protected], или директно во просториите на фабриките.

Задолжително ставете назнака: Техничар за одржување – ПЕ Антени Напомена:

• Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.

• Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio