Радио Кочани
Кочани

(видео) Образование – 15 илјади евра за ОУ „Никола Карев“ преку Македонско – бугарската стопанска комора

589

На прес конференција денеска во ОУ „Никола Карев“ од Кочани се изврши промоција на проектот„Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“, чија вредност изнесува 15 илјади евра, обезбедени од Бугарската амбасада. Истиот се имплементира од страна на Македонско – бугарската стопанска комора, а носител е кочанското основно училиште „Нокола Карев“.

Проектот ќе се реализира во наредните седум месеци и со него ќе бидат опфатени и ученци од училишта надвор од Општина Кочани.

Основна цел е обезбедување инклузивно и квалитетно спортско образование и збогатување на училишната спортска опрема во „Никола Карев“, соопшти на прес конференцијата, Ирена Мирчовска, координатор на проектот.

  • Целна група ќе бидат уленици од прво до деветто одделение во основните училишта во Кочани. Во проектните активности акцент ќе им се даде на децата со попреченост, како и на девојчињата во контекст на промовирање на еднаквите можности и пристап до било кој спорт. Во дел од активностите, освен учениците, ќе бидат вклучени и нивните родители, со цел да се покажат вистинските вредност на образованието и врската помеѓу децата и нивните родители, нагласи Мирчовска/

Проектот„Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ требаше да започне со реализација во 1 март годинава, но трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од разбирливи причини ги одложи сите предвидени активности се досега.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio