Радио Кочани
Кочани

Шестгодишно дете нападнато од куче скитник во Кочани родителите бараат одговорност…

2,738

Во Кочани шестгодишно дете било нападнато и каснато од улично куче, при што добило повреди во пределот на горниот дел од устата и отечено непце. За инцидентот на социјалните мрежи се појавија  фотографии од повредите.

„Во саботата на 12.09 детето (6 години) е нападнато и каснато од куче скитник на горниот дел од устата. Детето е со отечено горно непце! Кој треба да одговара за уличните кучиња кои ги има во сè поголем број? Кoja институција е одговорна? Дали некое дете треба да биде распарчено за конечно да почнат да си ја вршат работата?“, напишаа родителите.

Тие предупредија дека во дворот на ОУ „Малина Поп Иванова“ има цел чопор кучиња, поради што децата, како што вели, не можат да бидат безбедни за време на одморите. „Не можеш да излезеш да прошеташ како човек. Не е само во посоченото училиште – во трговскиот, во паркот тоа е чудо од кучиња скитници, а институциите не си ја вршат работата.

Граѓаните сè почесто алармираат на социјалните мрежи за проблемот со зголемениот број улични кучиња, барајќи од институциите системски и трајни решенија за нивното згрижување и контрола.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio