Радио Кочани
Кочани

ДПД – Кочани денеска со меѓународните противпожарни игри одбележува четири години постоење

428

Противпожарни игри по повод 4 години од постоењето на Доброволното противпожарно друштво се одржа денеска на месноста Бавчлук во Кочани го организација на ДПД.

Целта на игрите е децата на забавен и едукативен начин да се запознаат со значењето на противпожарната заштита, да развијат тимски дух и да научат како да постапуваат во итни ситуации.

Учествуваа ученици од петто одделение од основните училишта од Кочани, Зрновци и Чешиново – Облешево.

Најдобри на игрите се покажа екипата на ООУ “Св. Кирил и Методиј” ПУ во село Подлог, второ место освоија учениците од ООУ “Крсте Петков Мисирков” Оризари и трето место освоија учениците од ООУ “Св. Кирил и Методиј” Кочани.

На настанот настапија и децата од градинката “Павлина Велјанова” со свои точки, а беа пуштени и 62 балони за 62 та ангела кои загинаа во несреќата во Кочани.

Присутните ги поздрави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов како и претседателот на ДПД Златко Илијев.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio