Радио Кочани
Кочани

Лажни ветувања за пензија ја чинеле Кочанчанка 4.000 евра

1,109

На 17.09.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Кочани, 61-годишна жена од кочанско пријави дека била измамена од П.Г.(59) од кочанско за сума од 4.000 евра.

 

 

Според пријавеното, во октомври 2020 година лицето ѝ ветило дека може со пријатели од Скопје да направи таа да земе пензија. Како што е пријавено, од тогаш до декември 2023 таа подготвила документација и во декември 2023 му ги дала парите. Како што е пријавено, откако ги дала парите до декември 2024 година имале повремени контакти, по што престанал да одговара на нејзините повици и се посомневала дека е измамена.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio