Радио Кочани
Кочани

Теракотните икони од Виничко Кале на изложба во Требиње

182
Теракотните икони од Виничкото Кале повторно излегуваат надвор од нашата држава. На 19 – ти овој месец поставка од овие икони ќе се најде пред публиката во Требиње, Босна и Херцеговина, информираат од Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“ од Виница.

Изложбата ќе биде поставена во Галеријата на Матичниот музеј на Херцеговина. Отворањето е закажано за 20 часот.
Гостувањето во Требиње, БиХ, е дел од програмата за одбележување на јубилејот „40 години Виничко Кале – 40 години теракотни икони“ на музејот Теракота – Виница.
Во текот на минатата година во овој период теракотите од Виничкото Кале беа на изложба во Будва и Подгорица во Црна Гора, од каде потекнува интересот за нивно претставување и во БиХ.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio