Радио Кочани
Кочани

В сабота на СРЦ „Бавчалук“, ДПД – Кочани со натпревар во меѓународни противпожарни игри ќе одбележи четири години од постоењето

404

В сабота на СРЦ „Бавчалук“, ДПД – Кочани со натпревар во меѓународни противпожарни игри ќе одбележи четири години од постоењето, а  во периодот од 14:00 до 15:00 часот патот кон Брана Гратче и обратно ќе биде затворен за движење.  Во текот на вежбата ќе биде користена звучна и светлосна сигнализација од противпожарните возила.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението во целост:

 

Доброволното противпожарно друштво – Кочани ги информира граѓаните дека на 20 септември 2025 година (сабота) ќе се одржи настанот: „Kochani Fire Challenge 2025“, наменет за демонстрација на интервенциски способности и унапредување на капацитетите за заштита и спасување.

Во рамки на настанот, во периодот од 14:00 до 15:00 часот, на паркингот кај Бавчалук, ќе се изведува показна вежба со учество на противпожарни тимови и во овој временски период патот кон Брана Гратче и обратно ќе биде затворен за движење. 

Во текот на вежбата ќе биде користена звучна и светлосна сигнализација од противпожарните возила. 

Ги замолуваме граѓаните за разбирање и да не се вознемируваат од активностите кои се дел од организираната симулација.

Ве покануваме да присуствувате и да ја проследите вежбата, која има за цел да ја подигне свеста за важноста на брз и координиран одговор при вонредни ситуации. Со почит, ДПД Кочани

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio