Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Лишени од слобода двајца кочанчани, кај нив и во возилото биле пронајдени бела грутчеста материја и пари
Две лица од Кочани, 26 – годишниот А.М и 25 – годишниот Б.Д. се лишени од слобода затоа што при преглед на наплатната станица „Преод“, на автопатот Скопје-Штип извршен од страна на полициски слуќбеници од ОВР Свети Николе на 16 –ти овој месец, кај нив и во возилото во кое се превезувале, пронајдени се и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени
Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира денеска СВР Штип.
