Радио Кочани
Кочани

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

490

Под мотото „62 Ангели – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани се одржа настан во спомен на загинатите во „Пулс“, несреќа со 62  починати, претежно млади и над 200 повредени.

Се палеа свеќи во форма на крст и срце во чест на починатите, а околу 21 часот во воздух одлетаа 62 балони со имињата на ѓртвите, по што присутните граѓани со мобилните телефони направија звездено небо и испратија светлина кон небото за 62 згаснати животи.

Овој настан имаше комеморативен и хуман карактер,  беше чин на љубов, почит и сеќавање. Кочанчани се обединија во болката и во љубовта кон оние кои секогаш ќе живеат во нивните срца.

Палењето свеќи за помен на починатите 62. млади животи ќе трае до полноќ.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio