Радио Кочани
Кочани

„Autowelt“ предупредува на лажна Facebook страница која нуди измамнички наградни игри

483

 

 

Компанијата „Autowelt“ ги известува своите следбеници дека на социјалната мрежа Facebook се појавила лажна fan страница која се претставува како нивна официјална.

 

Според информациите, страницата може да се препознае по тоа што содржи точка после името, како и по неоригиналното лого. На неа се објавуваат објави со тагирани профили и реклами за giveaway награди, со лажни ветувања дека се подаруваат автомобили.

 

Креаторите на оваа фан страница се обидуваат да ги измамат посетителите, испраќајќи им пораки дека се добитници на автомобил, по што следува линк кој содржи вирус.

 

Од „Autowelt“ апелираат граѓаните да не комуницираат на никаков начин со таа страница и да не споделуваат лични податоци. Компанијата информира дека неколкупати го пријавила овој обид за измама до Facebook/Meta, но засега нема реакција.

 

Тие дополнително ги охрабруваат и граѓаните самостојно да ја пријават лажната страница, бидејќи зголемен број пријави може да доведе до преземање мерки од платформата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio