Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ВМРО-ДПМНЕ: Јорданчо Костадинов кандидат за градоначалник во Општина Чешиново-Облешево, Митко Костадиновски во Виница
Вечерва, заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што на вечерашниот прес, Ѓорѓи Сајковски ја сподели веста за градоначалници за Виница, Чешиново-Облешево, како и на уште други 14 општини. Во Виница довербата кај грѓаните ќе ја барат со кандидатот Митко Костадиновски, а во Општина Чешиново-Облешево ќе „трчаат“ со Јорданчо Костадинов.
Костадинов во моментов е директор на ООУ „Св. Климент Охридски“ во Облешево.
Во микро регионов останува непознато името само за Општина Кочани.
Костадинов за Радио Кочани вели:
Драги сограѓани, почитувани пријатели и роднини!
Денес, сакам да ја споделам со вас одлуката на Извршниот Комитет и на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Проф. Др. Христијан Мицкоски за дадената доверба да бидам кандидат за градоначалник во општина Чешиново-облешево, од најголемата политичка сила во Република Македонија.
Целосно сум мотивиран и со огромно чувство на одговорност, ја прифаќам кандидатурата за градоначалник на Општина Чешиново – Облешево.
Оваа кандидатура не е само политичка одлука, туку од денес, тоа е моја лична обврска и предизвик, и планирам заедно со вас да ја реализирам.
Ова нема да биде само моја лична битка, тука ова е наша заедничка мисија во која ќе понудиме: нови проекти, достоинство, култура, и со силна енергија ќе работиме за подобри услови за живот.
Мојата визија е јасна: Општина Чешиново- Облешево да стане модерна, инфраструктурно уредена и просперитетна општина, со поддршка за земјоделците, со нови перспективи за младите и за поголема грижа за пензионерите.
Периодот кој следи ќе бидам отворен за граѓаните, и преку средби со ваши идеи и предлози ќе градиме поубава и просперитетна општина.
Со визија и со чисто срце, со јасен план – за роден крај каков што сите заслужуваме.
Заедно ќе ја оствариме нашата цел!
Митко Костадиновски кандидатот за градоначалник на Општина Виница од редовите на ВМРО ДПМНЕ е началник на Шумската Полиција на Република Македонија и претседател на ОК Виница.
Како актуелен началник на Шумската полиција на РМ го подигна нивото на професионалност и довербата во оваа институција со многуте организирани контроли и акции на територијата на целата држава и бескомпромисната борба со шумската мафија. Митко Костадиновски исто така во два мандати беше и советник во Советот на Општина Виница со што има искуство и познавање во работењето на локалната самоуправа. Како претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Виница во периодот од 2017 до 2025 година го предводеше истиот во 5 убедливи изборни победи по ред во Виница (2 парламентарни, 2 претседателски и 1 локални избори). Митко Костадиновски е човекот кој ќе продолжи со водење на локалната самоуправа на чесен, домаќински и одговорен начин со реализација на уште поголем број на проекти за Општина Виница со поддршка на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски, стои во објавата на ОК ВМРО-ДМПНЕ – Виница
Еви ги и другите имиња:
Сопиште – Јане Мицевски
Кичево – Александар Јовановски
Крива Паланка – Оливер Алексовски
Маврово Ростуше – Онер Јакуповски
Кривогаштани – Сашо Граорковски
Шуто Оризари – Ерџан Демир
Крушево- Нико Чонески
Валандово – Ѓоко Камчев
Демир Хисар- Никола Најдовски
Радовиш – Љупчо Почивалец
Чашка – Дејан Андоновски
Прилеп – Дејан Проданоски
Струмица -Петар Јанков
Неготино- Марија Нацева
Извршниот комитет донел одлука за Куманово и Центар да се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалициската партија ЗНАМ.
