Радио Кочани
Кочани

Спортската сала во ООУ „Никола Карев“ ќе го носи името „Кочански ангели“

504

На иницијатива на директорот на ООУ „Никола Карев“ – Кочани, Александар Андов, спортската сала во училиштето ќе го носи името „Кочански ангели“, во чест на младите животи кои трагично згаснаа на 16 март 2025 година.

 

Дел од родителите на настраданите упатија голема благодарност до раководството на училиштето, нагласувајќи дека овој гест претставува прв чекор со кој јавно се оддава почит и се чува сеќавањето на нивните ангели.

 

Одлуката беше едногласно прифатена од советниците на 67. седница на Советот на Општина Кочани, што се одржа вчера.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio