Радио Кочани
Кочани

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Мерка за заштита на семејниот буџет пред стартот на школската година

222

„Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Владата донесе одлука со која цените на училиштниот прибор треба да се намалат во пресрет на новата школска година, за најмалку 10% во трговијата на големо и за најмалку 15% во трговијата на мало.

Попустот важи за се – од тетратки, ранци, моливи, фломастери, лепила, до калкулатори и ножици.

Одлуката се однесува на период од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година, а трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето. “- изјавија од Влада.

Од Владата велат дека ова е една од мерките со кои се штити животниот стандард.

Треба јасно и видливо да истакнат плакат кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“,како и натпис: попуст на училишен прибор, од најмалку 15%.“- изјавија од Влада.

Пресметката што ја направи Алфа покажува дека за почеток на учебната година родителите треба да потрошат и до стотина евра за едно дете. Трошоците се поголеми ако тоа е прваче.

Ранците сега се продаваат од илјада до три илјади денари, тетратките чинат од 15 па до 100, гумите 15 до 50, а боите и фломастерите од 100 па нагоре. Кога се ќе се собере сумата и не е така мала.

За разлика од претходните години, овој септември не би требало да има проблем ниту со учебниците. Министерството за образование веќе соопшти дека се обезбедени книги за сите деца и за сите одделенија, вклучително и за странските јазици.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio