Радио Кочани
Кочани

Шумски пожар над Нивичани – загрозени викенд-куќи, интервенираат сите служби

2,762

Вечерва нешто по 18 часот е пријавен шумски пожар над селото Нивичани, во општина Кочани.

Пожарот зафаќа поголема површина и претставува закана за неколку викенд-куќи во реонот.

Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека на терен се ангажирани сите расположливи ресурси, во координација со Доброволното противпожарно друштво Кочани и екипи на ЈП „Национални шуми“.

– Пожарот се шири со голема брзина поради сувата вегетација и повремениот ветер.

Во момементот 40 пожарникари и доброволци даваат максимални напори за негово локализирање и заштита на објектите – соопштија од кочанската противпожарна служба.

Надлежните апелираат граѓаните да избегнуваат движење во близина на пожарот и уште еднаш потсетуваат на потребата од внимателно однесување во природа, особено во летниот период кога опасноста од пожари е зголемена.

Дополнителни информации ќе следуваат во текот на вечерта.

Прашај го ChatG

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio