Радио Кочани
Кочани

В. д. градоначалникот Венко Крстевски ги додели наградите на најуспешните ученици и школски екипи

622

По повод Петровден, празникот на Кочани, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски ги награди првенците на генерацијата и најуспешните екипи и ученици од основните и средните општински училишта од Кочани.

Првенците на генерацијата: Надалина Грозданова (СОУ „Љупчо Сантов“), Драган Хаџи Василев (СОУ „Гошо Викентиев“), Матеа Глигорова (ОУ „Св. Кирил и Методиј“), Ели Глигоровска (ОУ „Никола Карев“), Лина Мицовска (ОУ „Крсте Мисирков“ – Оризари), Јана Станкова (ОУ „Раде Кратовче“), Елена Стоилкова (ОУ „Малина Попиванова“) и Ана Пејчева (ОМУ „Ристо Јуруков“) добија награда во износ од 15.000 денари.

Крстевски додели благодарници на менторите и парични награди на екипите и учениците што постигнаа највисоки резултати на државните натпревари во 2024/25 г.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio