Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Амфенол вработува…
Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место
Машински инженер – во производна единица TEL AD
Опис на работни задачи и одговорности:
- Одговорност за механичкиот аспект на производите во компанијата
- Планирање од областа на механиката
- Следење на процесот од планирање кон производство – изработка на цртежи, поддршка на вработени во процесот на производство
- Вклученост во планирањето на сите фази на производство – во соработка со одговорните лица за производство и машинските инженери
- Поддршка на производство за механички делови
- Примена на принципите на термодинамика, пренос на топлина и материјали за потребите на производството
- Развој на механички алати за подобрување на ефикасноста на производната линија
Потребни квалификации:
- Високо образование – Машински факултет
- Работно искуство од областа на планирање и познавање на механичка операма
- Одлично познавање на Англиски јазик (читање, пишување, зборување)
- Одлични комуникациски вештини со клиенти, вработени, менаџери и колеги
- Способност за самостојна и тимска работа и работа под притисок со кратки рокови
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 15.07.2025 година по електронски пат на следнава адреса: [email protected] или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Машински инженер ТЕЛ АД
Напомена:
- Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
- Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.
