Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
„Осогово“ за новата сезона 2025/26 промовираше две нови засилувања.
Станува збор за искусни фудбалери кои доаѓаат од клубови од нашата држава.
Христијан Митревски – Ито е искусен и етаблиран дефанзивец и многу важно засилување за ГФК „Осогово“. Во нашата екипа доаѓа од новиот прволигаш „Башкими“ од Куманово.Заедно со Ито, срдечно добродојде во Кочани му посакуваме и на искусниот голман Филип Лазаревски, кој досега настапуваше за „Вардарски“ од Богданци.ГФК „Осогово“ ја продолжи соработката со сите фудбалери кои го изнесоа најголемиот товар во претходната сезона, се вели во соопштението.


