Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Патот на заздравување – Делегација од Гетеборг ќе ги сподели своите искуства од пожарот во Шведска со жителите на Кочани
Од 16 до 18 јуни 2025 година, Кочани ќе биде домаќин на седумчлена делегација од Гетеборг, Шведска.
Тим од социјални работнички, пожарникари и преживеани од пожар во дискотека ќе го споделат свој пат на заздравување, 27 години по пожар во дискотека во Гетеборг.
Тридневните активности – споделување искуства, зајакнување на заедницата и градење модели на отпорност, солидарност и психосоцијално заздравување по трагичниот настан во Кочани, се поддржани од Општина Кочани и Сапорт Кочани.
Програмата е иницирана и поддржана од Амбасадата на Кралството Шведска и „Europe House“, а ја спроведува Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“.
