Радио Кочани
Кочани

„Support Kocani“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека – донациите собраа над 923 илјади денари

215

Граѓанската иницијатива Support Kocani успеа да ја исплати фактурата за набавка на првата тура компресивна облека наменета за повредените од трагичниот настан во
Кочани, во вредност од 923.458 денари.

Средствата за набавката биле целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство.
Како што информираат од иницијативата, компресивната облека е нарачана и се очекува да пристигне во Кочани околу 16 јуни.

Дополнително, веќе се обезбедени средства и за втора тура на облека, а на 16 и 17 јуни повторно ќе пристигнат експерти од Бугарија кои ќе започнат со земање индивидуални мерки за новата нарачка.Особена благодарност од Support Kocani беше упатена до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобриле попуст во вредност од 19.600 лева, со што
значително се олеснило обезбедувањето на неопходната медицинска помош за поголем број повредени.

„Иако некои процеси бараат време, ова е доказ дека кога има волја – има и начин. Ви
благодариме на сите вас – граѓани, пријатели и непознати хумани срца – што
покажавте што значи вистинска солидарност“, се наведува во соопштението на
иницијативата.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio