Радио Кочани
Кочани

Д-р Катерина Паниќ Мирчовска е новата в.д директорка на Општата болница со проширена дејност – Кочани

2,196

Д-р Катерина Паниќ Мирчовска, специјлист по општа хирургија во Општата болница во Кочани, е новата в.д. директорка на установата.

Мирчовска доаѓа на местото на претходната директорка Кристина Серафимова, која оваа функција ја извршуваше близу 10  месеци, односно беше назначена на 27 август минатата година од страна на тогашниот министер за здравство,  д-р Арбен Таравари.

 

Од првиот работен ден сум насочена  највеќе кон реновирање на просториите за физикална терапија, каде во моментов повредените од пожарот во дискотеката„Пулс“ ја добиваат соодветната рехабилитација.

Исто така, може да истакнам дека ќе работам и на подобрување на условите во  нашата болница, а веќе во текот на утрешниот ден очекувам и донација од општестевно одговорна компанија.

Во моментов приоритет е и одморалиштето „Пониква“ што побргу да го ставиме во функција, секако за подобра грижа за пациентите, изјави за Радио Кочани, новата раководителка Мирчовска.

Решението за назначување на новата раководителка на Јавната здравствена установа го потпиша заменик министертот за здравство,  Јовица Андовски, во текот на вчерашниот ден.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio