Радио Кочани
Кочани

Спортска хуманитарна манифестација во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ , прогласен и првенецот на генерацијата

519

 

Спортска хуманитарна манифестација се одржа во спортската сала и во дворот на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари со цел собирање средства за помош на Иле Стојанов, поранешен ученик во училиштето.

Настанот со спорт и хуманост се одржа за одбележување на 1-ви Јуни Денот на детето, а на истиот учествуваа ученици и родители.

Учениците од прво до петто одделение играа разни натпреварувачки спортски игри во дворот и во спортската сала, при тоа не беше важна победата, туку хуманоста на децата. Во спортската сала исто така се играа спортски игри, а футсал играа ученици и родители каде што подобри се покажаа учениците и ги победија родителите.

Во рамки на манифестацијата беа доделени сите награди, признанија и дипломи на учениците кои оваа учебна година освоија места на општински, регионални и државни натпреври по разни предмети.

Меѓудругото беше прогласен и првенецот на генерацијата Лина Мицовска која комисијата едногласно ја избра заради одличниот континуиран успех и постигнатите резултати на регионални и државни натпревари.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio