Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани започнува соработка со Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби – подружница Кочани

205

Со цел да се овозможи поголема ефикасност во реализацијата на заедничките цели, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски потпиша меморандум за соработка со Здружението на граѓани Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби – Скопје, подружница Кочани.

Активностите на Ресурсниот центар, на кои заедно со Општина Кочани ќе им биде даден акцент, се развивање на програма за социјални услуги во заедницата, што подразбира давање на помош и нега на лица кои по различни основи имаат намалени функционални и инструментални функции во нивното секојдневие. Услугата за помош и нега во домот ќе биде наменета за лица со намален функционален капацитет, како стари лица, лица кои не можат да се грижат самите за себе, лица со попреченост  и др.

Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби е лиценциран давател на социјалната услуга помош и нега во домот и нуди можност за бесплатна обука на негуватели што ќе ја испорачуваат оваа услуга.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio